Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Тимот експерти од Мен Фармација истакна дека се направени слики од совршениот маж и жена, така што се комбинирани фотографии од славните личности кои се прогласени како најпривлечни и најпосакувани.
Комбинацијата од привлечни жени и мажи, нивните црти на лицето и останатите карактеристики доведоа до совршениот маж и жена, сметаат експертите.
Така, совршениот маж има коса како Ајдан Тарнер, очи на Том Харди и брада на Крис Хемсворт.
Совршената жена пак, е комбинација на Кејт Аптон, Скарлет Јонасон и Александре Дадарио.
„Мажите и жените секоја година расправаат за тоа кои се најубавите и најзгодините луѓе на светот. Одлучивме еднаш засекогаш да ставиме точка на таа расправа со тоа што науката и технологијата ќе одлучат за резултатот“, истакна Ешли Ели.