„Запиши ме дека сум тука“: Средношколец со пиштол ѝ се закануваше на професорката


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


На видеото кое ја вознемири француската јавност, а за кое лично реагираше и францускиот претседател Емануел Макрон, снимено е како еден тинејџер, средношколец, ѝ се заканува со пиштол на професорката на час.

15-годишниот француски тинејџер е обвинет за насилен напад со предумисла откако во средното училиште во париското предградие Кретеј донел лажен пиштол и и го вперил на професорката.

Еден од неговите соученици го сними инцидентота, а снимката во четвртокот се прошири на социјалните мрежи. Според локалните медиуми, тинејџерот изјавил дека сакал да направи шега и оти не знаел дека го снимаат.

Професорката во петокот го пријавила случајот, по што ученикот со татко му биле приведени во полиција. На видеото се гледа како тинејџерот ѝ вика на професорката да го отвори дневникот и да запише дека е присутен на час, на што таа продолжува да работи на компјутерот и да им се обраќа на другите ученици.

Медиумите јавуваат дека ученикот се налутил зашто добил неоправдан изостанок бидејќи задоцнил на час. Францускиот претседател Емануел Макрон потегот на ученикот го прогласил за неприфатлив.