Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Некои жени никогаш не пресаснуваат во фазата „мамина и татина принцеза“.
Комплексот на Пепелашка е еден од проблемите со кои се „борат“ жените кои израснале во бајките кои ни го разубавуваа детството.
Доколку пресериозни ги сфатиме, бајките можат да ни нанесат многу повеќе штета кога ќе пораснеме. Комплексот Пепелашка е пролем со кој возрасните жени се соочуваат ако растат верувајќи во бајки за принцези, а ако препознаете некој од следните облици на однесување кај себе, тогаш и вие сте една голема принцеза сонувач.
Очекувате вашиот маж да ве спаси
Наместо за својата среќа да се борите сами, вие чекате принц на бел коњ кој ќе ги реши сите ваши проблеми. Се тоа ќе го постигнете така што ќе влезете во врска со нерешени пробеми – во вашата глава.
Мислите дека не сте доволно добри ако немате дечко
Убави сте, паметни и многу успешни, но ако покрај себе немате маж се чувствувате непотполно бидејќи не сте во врска. Ова е очигледен показател дека страдате од овој синдром.
Се плашите од независност
Не можете да се замислите себеси без дечкоо, па затоа скокате од врска во врска и така избегнувате да бидете долго време соло. Помило ви е да бидете во какво било врска отколку да бидете сами? Будење!!!
Не знаете да се однесувате кога некој ќе ви каже комплимент
Комплиментите и пофалбите срамежливо ги отфрлате, но затоа немате проблем да прифатите вина за работи кои не сте ги направиле.
Не знаете што би правеле без вашиот маж
Често се фаќате себси како размислувате за тоа дека животот без маж би ви бил одвратен. Ова може да звучи романтично, но ако мислите дека нема живот без неговата љубов и внимание, тогаш имате ниска самодоверба и навистина верувате дека светот ќе ви се сруши ако го изгубите.