ОВА НЕ Е СЕ: Кои се следните фази во процесот, во Собранието вчера се мина само првата…?!


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Со 80 гласа „за“, синоќа во Собранието на РМ, беше обезбедено двотретинско мнозинство за пристапување кон уставните измени, предвидени со договорот кој со Грција беше потпишан во Преспа.

Но, синоќешното гласање беше само прва фаза, на што следуваат уште неколку за овој процес да се комплетира.

Во понатамошниот процес:

Владата ќе интервенира со четири амандмани во македонскиот устав, ќе ги подготви, а потоа истите треба да минат на претрес во две комсии во Собранието, додека расправата за нив може да трае по три ден.

По утврдувањето нацрт на секој од амандманите, се отвора јавна дискусија, во кој пратениците можат да поднесат амандмани на амандманите.

И за нив следува претрес во две комсии, по што Собранието се изјаснува поединечно за секој амандман на уставните амандмани.

По овие процедури, премиерот Заев вели дека очекува што поголем број пратеници да се приклучат кон следната фаза.

„Ние гласавме за потребата од уставни промени, допрва ќе се гласа за нацрт амандманите, ќе се гласа со двотретинско мнозинство за амандманите“, истакна Заев.

Заев посочи дека постои иницијатива од пратениците во четирите амаднмани, да сње зајакне нашиот јазик и идентитет, и поради тоа Владата е подготвена да соработува со Парламентот за да ја обезбеди поддршката.

Следува рок од 15 дена за доставување на амандманите, но според Заев колку порано се заврши, толку порано и грчкиот парламент ќе ја донесе одлуката.