Мицкоски: На Македонија и се случи црн петок


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Мицкоски синоќа соопшти дека седумте пратеници кои гласале за поддршка на уставните измени се исклучени од партијата. Смета дека државата е изневерена.

Акт на насилство и најцрниот ден за демократијата во Македонија. Ова е оценката на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски кој тој го соопшти на полноќната прес-конференција.

„Ова денес е акт на насилство на државата, поддржана од структури кои решија да работат во нивна полза. Зоран Заев на сила пристапи кон преименување на државата и реализација на договор со кој се губи името Македонија и се губи идентитетот“, рече Мицкоски.

„Денес во Република Македонија се случи тажен ден, црн петок, најцрниот петок во демократијата на современа независна Република Македонија“.
Мицкоски обвини дека власта спроведувала силни притисоци и закани кон пратениците на опозицијата, и им ветувала ослободување од обвиненијата на оние кои се „дел од прогон кој има политичка намена“.

Сепак, рече дека не може да им прости на седуммината пратеници на ВМРО-ДПМНЕ кои ги поддржаа уставните измени, и соопшти дека тие се експресно исклучени од партијата.

„Оние осум пратеници без оглед што се опфатени со политички прогон и што над глава им висат сериозни обвиненија, можеби некој има разбирање, но јас како човек не можам да ги оправдам“.

„Оние седум на ВМРО-ДПМНЕ ме разочараа мене, а пред се партијата и татковината и ќе треба со тоа да живеат. Вечерва Извршниот Комитет на ВМРО-ДПМНЕ на вонредна седница и на мој предлог едногласно усвои исклучување на овие седум пратеници“, рече Мицкоски.
Напомена дека имало и други пратеници кои исто како и оние што гласаа „беа опфатени со политички прогон, но се одважија и гласаа согласно партискиот став и согласно волјата на граѓаните“.

На крајот, Мицкоски го обвини Заев дека сакал да избега од избори и му порача дека „кога тогаш ќе го победи на избори“

Извор: Дојче Веле