Укинат домашниот притвор на пратеникот Крсто Мукоски


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Со одлука на Апелацискиот суд, денес му беше укината мерката домашен притвор на пратеникот Крсто Мукоски, обвинет зџа настанитеод 27 април.

Судот донел одлука да му се одземе пасошот и да се јавува во струшкиот суд. Според нефоцијални информации тој не доставил парична гаранција во случај на бегство.

„Апелациониот суд Скопје до Основниот суд Скопје 1 – Скопје, денеска достави решение со кое ја уважил жалбата на К.М. обвинет во предметот со КОК бр. 40/18 поврзан со настаните од 27 април 2018 година во Собранието на Р.М. со кое решение ја уважил жалбата на обвинетиот, изјавена против решението на Кривичниот совет при овој суд и го преиначи решението на советот со што ја укина мерката куќен притвор, определена со решение на Врховен суд на Р.М., продолжена со решение на кривичен совет при Основен суд Скопје 1 – Скопје, а се определуваат мерки за претпазливост – Одземање на патна исправа, односно забрана за издавање нова и Обврска обвинетиот повремено да се јавува на овластено службено лице во судот во Струга“, стои во соопштението на судот