Луѓето кои често плачат се посебни: Храбри и автентични…


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Како карактерот се разликува кај луѓето? Лушето на различни начини се носат со чувствата, а исто така и различно ги изразуваат. Со плачење во суштина се поврзува длабокото чувство на тага, а и не мора секогаш да биде тагата во прашање. Според психолозите, плачењето е добро и здраво, а личностите кои многу плачат се посебни.

Следниот пат кога ќе бидете на работ на солзите, сетете се на овие неколку работи околу плачењето.

Со плачењето го намалувате стресот

Ако сте личност која лесно ги пушта чувствата надвор, тогаш полесно ќе се носите со тешките животни ситуации. Откако ќе го „отплачете своето“, ќе почувствувате леснотија и ќе бидете во состојба појасно да ја согледате ситуацијата која ви предизвиката солзи на очи.

Покажувате дека не се плашите од сопствените чувства

Плачењето исто така е знак дека не се плашите од она што го чувствувате. Плачењето е знак дека ја прифаќате својата ранливост и чувствителност. Тоа е знак дека сте силна личност и дека работите ги нарекувате со вистинските имиња.

Покажувате колку сте храбри

Личностите кои ги покажуваат своите емоции се храбри и автентични. Поважно им е да ја живеат својата вистина, отколку да се грижат што другите ќе зборуваат за нив. Освен тоа, знаат дека и другите со задоволство би ги покажале своите вистински чувства, но не се осудуваат бидејќи мораат да ја оддржуваат сликата за себе која ја создале.

Плачењето помага да се воспостави рамнотежа

Кога ќе ги прифатите своите чувства, а плачењето е дел од прифаќањето, полесно ќе ги отпуштите чувствата кои ве поништуваат.