Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
ОЈО од Скопје достави до Основиот Суд Скопје, обвинителен предлог за сторено кривично дело против едно лице и тоа ширење на расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем.
Лицето се сносува со одговорност за стореното кривично дело на 24. јули годинава, кога на една социјална мрежа изнел ксенофобичен пишан материјал каде е опфатена омраза против етничката група Грци, поттикнат од пожарот кој во тој период го зафати пределот Атика во државата на нашиот јужен сосед. Инаку, обвинетиот е јавна личност, новинар, кој со својот коментар поттикнал и коментари од останати лица на својот профил, кои пак не се товарат за истото дело.
За ова кривично дело, согласно Кривичниот законик, предвидена е казна затвор од една до пет години.
Во текот на истрагата, надлежниот јавен обвинител преку Министерството за внатрешни работи – Сектор за компјутерски криминал и дигитална форензика обезбеди детален документиран материјал за активноста од корисничкиот профил на осомничениот на социјалната мрежа како и други докази. Осомниченото лице не дало свој исказ пред надлежен јавен обвинител, бидејќи не било достапно на неговата адреса за да му биде врачена поканата.