Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
27-годишната Луси Виланд од Австралија уапсена е и обвинета дека со лага и на нечесен начин заработила 55.000 австралиски долари (39 000 американски долари) кои ги добивала од разни хуманитарни фондови, лажејќи дека боледува од рак.
Виланд ги користела социјалните мрежи, каде објавувала фотографии и лажни медицински документи во кои покажува како се лекува од рак на јајниците. Судпт во Таунсвил, Квинсленд, утврди дека таа формирала и сметка со барање за да и се донираат средства за лекување на тешката болест.
Жената била уапсена , откако некој од социјалните мрежи ја пријавил во полиција. Таа на фотографиите се појавува со маска за кислород и во болнички услови како оди со помагала.
На друга фотографија е прикажана додека прима инфузија и без коса, наводно како резултат на терапијата против канцерот.
Не е познато дали партнерот , кој се појавува на дел од фотографиите знаел дека жената ја лажира болеста.