Франција воведува регистрација за велосипедите – еве ја причината за тоа


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Задолжителна регистрација на велосипеди со цел намалување на кражбата на истите, но и мотивирање на луѓето што повеќе да ги користат како превозно средство – ова се причините поради кои Франција ја воведува оваа мерка.

Француските велосипедисти наскоро при купувањето велосипед, ќе мора да го регистрираат. слично како авотмобилите. Со оваа мерка француските власти сакаат да го намалат бројот на кражби, како и да натераат што повеќе граѓани да ги користат велосипедите за секојдневно движење низ градовите.

Сопственикот на велосипед би добивал потврда, што ќе ја покаже во полиција доколку велосипедот е украден, а истата дозвола ќе му биде предадена на следниот сопственик, доколку го продаде велосипедот.

Регистерскиот број на велосипедот ќе биде поставен на видно место и ќе може да се очитува со оптички читач. Се предвидува овој закон да стапи на сила од 2020, што би довело до три пати поголема употреба на велосипедите до 2024, предвидуваат властите во Франција.

Со овој план би се направила мрежа од велосипедски патеки, а на вработените би им се давале субвенции, во износ како што земаат сега за јавен превоз, односно 400 евра годишно. Се проценува дека сега во Франција има 21 милион велосипеди, а 1.100 се крадат секој ден.

Сепак, неизвесно е како Французите ќе го прифатат овој план на владата , бидејќи според анкетите дури 58 проценти од граѓаните користат автомобил за да поминат растојание помало од еден километар.