Тајните фондови испаднаа вистина, оставката од Коѕијас сè уште мистерија


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


И по неколку дена од оставката која ја поднесе Никос Коѕијас од позицијата Министер за надворешни работи, уште никој нема прецизно објаснување зошто еден од потписниците на Преспанскиот договор од грчката страна го напушта министерското место. Последна од него е изјавата дека му испратил образложение на девет страници на премиерот Аексис Ципрас и дека тој ако сака може да го објави во јавноста.

Никос Коѕијас даде оставка по расправија со министерот за одбрана Панос Каменос, лидерот на НЕзависни Грци кој е помал коалиционен партнер на владеачката СИРИЗА. Во меѓувреме, главната опозициска конзервативна партија Нова демократија ги повика и Коциас и Каменос да обезбедат објаснувања за кои се тие тајни фондови кои ги финансирале нивните министерства а за кои дошло до расправијата.

Претседателот на Собранието, Никос Вуцис, засега одбива да го прифати предлогот грчкиот парламент да спроведе истрага за наводното лошо менаџирање со тие тајни фоднови. Пред новинарите Вуцис рече дека не знае дали министерствата, освен Министерството за надворешни работи, одржувале тајни фондови. Тој, исто така, сугерираше дека и Каменос и Коѕијас треба да ги разјаснат нивните соопштенија.

Пратениците на центристичката „Движење за промени“ го повика премиерот Алексис Ципрас да разјасни дали Коѕијас ја дал оставката поради барањата кои се однесуваат на лошото управување на средствата.

Во коментарите на државната телевизија, портпаролот на Владата, Димитрис Ѕанакопулос рече дека Ципрас не избирал помеѓу Коѕијас и Каменос, туку дека оставката била на доброволна основа. Генералниот секретар на левичарската СИРИЗА, Панос Скурлетис, со сличен тон дека не е разбирливо во моментов зошто Коѕијас заминал.

Коѕијас во меѓувреме упати порака дека ќе продолжи да ја подржува Владата.

„Ние сме дел од народното движење кое во моментов владее”, рече Коѕијас по состанокот на политичкиот секретаријат на организацијата.

Тој истакна дека надворешната политика е одговорност на премиерот и на Министерството за надворешни работи, кое не може да функционира како „ресор за надворешни работи број два”.

Објави дека има намера да ја продолжи битката со Каменос за тајните фондови на министерствата, кои биле повод за интензивна расправии помеѓу двајца во Кабинетот.

Тој рече дека во соработка со членовите на СИРИЗА ќе бараат да се прошири законот кој диктира контрола на средствата на грчкото МНР од страна на парламентот.

Алудирајќи на Каменос, додаде дека во денешната дипломатија е потребна сериозност, а не „авантура”.