Заев и Ципрас ги потврдија обостраните позитивни позиции кон Преспанскиот договор


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Ненадејната оставка на првиот човек на грчката дипломатија, Никос Коѕијас предизвика лавина реакции како во Грција, така и во Македонија, но и пошироко, во светските политички сфери.

Портпаролот на грчката влада, Димитрис Ѕанакопулос ги отфрли толкувањата дека Коѕијас не бил на иста линија со политиката на владата, велејќи дека лично Козијас треба да објасни зошто ја напуштил владата. Ѕанакопулос додаде дека веќе се завршени недоразбирањата внатре во владата и дека остануваат сплотени, сериозни и со политички план за да се соочат со следните предизвици, за доброто на грчкиот народ.

 „Имаме јасна политичка определба како влада и јасна политичка цел Преспанскиот договор да стапи на сила. Никогаш немало дилеми помеѓу Коѕијас и Каменос, ваквото толкување на случувањата нема основа. Нема и немало некогаш сенка врз моралниот интегритет на Коѕијас“ изјави , Димитрис Цанакопулос- портпарол на владата на Грција

Ѕанакопулос изјави исто така дека премиерот, Зоран Заев му се јавил на својот грчки колега, Алексис Ципрас. Без да ја коментираат внатрешната ситуација во Грција, двајцата премиери ја повториле посветеноста за спроведување на Договорот од Преспа. Министерот за надворешни работи, Никола Димитров истакна дека со Козијас го постигнале невозможното.

 „Предводени од премиерите, Алексис Ципрас и Зоран Заев, со министерот за надворешни работи, Коѕијас имавме интензивен месец на комуникација, станавме вистински пријатели и за период од една година, го направивме тоа што во изминатите 27 години беше невозможно, ги зближивме двете земји и го склучивме историскиот Договор во Преспа, градејќи мост на пријателство и докажувајќи дека нашиот регион може да реши недоразбирања и да создаде иднина“ изјави, Никола Димитров- министер за надворешни работи

Американскиот Стејт департмент му се заблагодари на Коѕијас за дадениот придонес во постигнување на договорот за името, каде ги повикаа политичките партии да го спроведат истиот.

Охрабрување и поддршка од американскиот Стејт Департмент

„Додека во Собранието на Македонија продолжува расправата за уставните амандмани, ги охрабруваме лидерите да ги надминат партиските интереси и да ја искористат оваа историска можност за обезбедување на посветла иднина за земјата“.

За лидерот на најголемата опозициска партија, Нова Демократија Кирјакос Мицотакис, оставката докажува дека владата е нестабилна и затоа се потребни нови избори.

„Премиерот го разреши најголемиот поддржувач на Преспанскиот Договор, задржувајќи го во кабинетот министерот за одбрана, Каменос, гласниот противник на договорот помеѓу ПЈРМ и Грција, кој го потпиша Коѕијас. Вчера  ја опишав владата Ципрас – Каменос како цинична коалиција и се плашам дека денешниве настани докажуваат дека сум бил во право“.

Инаку, Коѕијас е еден од креаторите на Преспанскиот договор, кој неколку пати во текот на преговорите доби закани по својот и животот на блиските. Неговата оставка дојде по жестоката дебата со министерот Каменос, кој предложил нов договор кој би го заменил договорот за името. На чело на министерството за надворешни работи сега ќе биде лично премиерот Ципрас, но останува нејасно каков епилог доби предлогот на Каменос.

Извор: Алсат-М