Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
На иницијатива на повеќе инвеститори во најпопуларната социјална мрежа и веќе технолошки гигант, Фејсбук, се бара замена на основачот на социјалната платформа, Марк Закерберг, од функцијата претседател на одборот на директори.
Според „Волстрит журнал“, инвестициските фондови со акции на Фејсбук во неколку наврати ја наведоа потребата да го сменат Закерберг по серија проблеми и скандали. Предлогот на инвеститорот е испратен до неколку финансиски институции.
Забележано е дека општото гласање ќе се одржи во мај 2019 година, со што ќе биде јасно дали Закерберг ќе мора да поднесе оставка.
Медиумиот нагласува дека основачот на Фејсбук може да биде победник на овој спор со инвеститорите, бидејќи го консолидираше бројот на хартии од вредност на компанијата, што му дава предност од 59,9% од гласовите во споредба со другите сопственици.
Одамна е јасно дека Facebook се користи „на дозволен и недозволен начин“, по неколкуте афери кои добија поголемо внимание оваа година. Прво тука беа американските претседателски избори за кои се верува дека на голем број на гласачи е влијаено преку Facebook, искористувајќи ги интересите на корисниците за пуштање на лажни вести.
Потоа дојде Cambridge Analytica скандалот којшто ги потврди голем дел од овие обвинувања, а и ни покажа на кој начин сето тоа се правело. Тука е се разбира и најновото хакирање на мрежата преку кое е дојдено до информациите на околу 30 милиони корисници.