Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Судењето за изборните нерегуларности во 2013. година, предмет на СЈО, денес се одложи за 24. октомври.
На денешното рочиште беа пуштени повеќе од 90 „бомби“, а истото беше прекинато по барање на обвинетиот Илија Димовски кој сакаше да присуствува на седницата на собраниската комисија.
Во овој предмет како доказен материјал се прифатени повеќе од 1000 аудио снимки, а досега се преслушани 600.
Во најголем број од нив, главната улога ја има Миле Јанакиески кој го мониторира целиот прцес околу изборите, преку јавување на луѓе и давање на инструкции за тогаш престојните избори.
Освен со претседатели на месни комитети и пониски членови од партијата, Миле Јанакиевски разговара и со поранешниот премиер Никола Груевски, екс министрите Гордана Јанкуловска, Никола Тодоров и Антонио Милишоски, но и со Амди Бајрам и Драган Павловиќ Латас.
Во разговор со Гордана Јанкуловска, Миле вели дека во 4:00 и 4:30 доаѓаат два авиона со Албанци во Охрид, па двајцата размислуваат како да ги спречат да гласаат, „дали да го задржат некако авионот да врти пред да слета, дали скалите за симнување да се постават подоцна или пак да се направи некоја сообраќајка, да се преврти трактор да не може со коли да ги земат“.
– А, да превртиме камион со песок или нешто така цело да се блокира, му вели Јанкулоска на Јанакиески.
Јанакиески во разговор со Никола Груевски му кажува дека се работи и дека имаат 100 кол центри што цело време се јавуваат, но и за резултатите и можноста да има втор круг во Центар, каде Миле го уверува дека ќе бидат 600 плус минус разлика со СДСМ.
– Да ни беа преспанциве ќе завршевме работа, вели Груевски и му вели „види таму со нашиве да прават и неважечки за после да правиме записници се судиме“.
Во „Титаник“ обвинети се поранешниот премиер Никола Груевски, Кирил Божиновски, Миле Јанакиески, Гордана Јанкулоска, Билјана Бришкоска Бошковски, како и Илија Димовски, Мунир Пепиќ, Едмонд Темелко, Леко Ристовски, Кирил Тодоровски, Катерина Веловска, Станко Коруновски, Коста Марковски, Драгче Драгчески, Марјан Накевски, Гоце Јаневски, Џезми Ахмет, Роберт Давитков, Далибор Алешковиќ и Ленка Рашајковска.
Тие се сомничат за злосторничко здружување, повреда на избирачкото право, повреда на слободата на определување на гласачите, поткуп, уништување на изборен материјал како и злоупотреба на средствата за финансирање на изборната кампања.