Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Археолошки тим од Роуд Ајленд е убеден дека го откриле местото на потонување на бродот од легендарниот британски морепловец Џејмс Кук.
Според тврдењата од археолозите, остатоците од бродот на Кук се наоѓаат во близина на брегот на американскиот континент, поточно недалеку од Гоат Ајленд.
Според Фокс Њуз ова откритие би можело да ја реши една од најголемите морски мистерии.
Според истражувачите локацијата на потонатиот „Ендевор“ конечно ќе биде утврдена до 2020 година кога ќе се одбележува 250 годишнина од доаѓањето на Џејмс Кук во Австралија.
Капетанот Кук на овој брод кој служел за превоз на јаглен во 1768 година го започнал своето патување за мапирање на Тихиот океан.
Токму на овој брод славниот Кук ги исцртал картите на Нов Зеланд и Австралија каде прв пат стапнал во 1770 година.
Инаку бродот „Ендевор“ заедно со уште 12 бода потонал за време на големата бура во 1778 година и од тогаш му се губи трагот.