Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Македонија и балканот ја запознаа како менаџерка на прерано починатата музичка ѕвезда на балканското небо, Тоше Проески, кој трагично го загуби животот во сообраќајна несреќа на 16 октомври 2007.
После трагедијата кај Нова Градишка, Лилјана Љиља Петровиќ целосно се повлече од светот на музиката. Почна да се занимава со земјоделство и на 30 хектари земја во близна на Ниш со години содгледува лаванда.
,,Тоше и јас заедно ги завршивме своите кариери. За жал, прерано. Никогаш не сум размислувала за враќање во менаџерските води, зашто тоа беше големо страдање и мака за мене. Би се чуствувала како да сум го издала Тоше. Јас бев менаџерка на Тоше. Љиља на Тоше , така ме запознавте и така ќе остане засекогаш. Последните десет години се трудам да научам како достоинствено да ја носам својата тага”, изјави Лилјана.
Додава дека по смртта на славниот пејач , кој и беше како син , и било тешко да продолжи понатаму , посебно бидејќи многумина својата омраза, бес и тага ја насочиле кон неа, а таа својот лек го побарала во природата.
,,Се оплеменив со мирисите и боите на природата. По смртта на Тоше се чуствував како давеник во море на тага , кого сите го буткаат за и самите да дојдат до здив, за нив да им биде полесно.” рече Петровиќ.
На прашањето дали оди во родното Крушево на Тоше и дали контактира со неговото семејстов , Петровиќ вели: „Јас го носам Тоше во срцето. Тие спомени и чувства се само мои и немам потреба да ги споделувам. Како што немам потреба да бидам видена во Крушево или на кое било друго место.”