Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Еден од потписниците на контроверзниот Договор од Преспа, грчкиот шеф на дипломатијата Никос Коѕијас денеска поднел оставка. Според грчкиот весник Катимерини Коѕијас тоа го направил по вчерашниот тензичен состанок на грчката влада, на кој се конфронтирал со министерот за одбрана Панос Каменос токму во врска со Преспанскиот договор.
Извори за „Катимерини“ тврдат дека Коѕијас бил огорчен зашто премиерот Алексис Ципрас не го заштитил од нападите од Каменос, којшто е помал коалициски партнер во грчката Влада.
Според истите извори Каменос го обвинил Коѕијас за злоупотреба на тајни фондови од Министерството за надворешни работи, како и дека е човек близок до американскиот финансиер Џорџ Сорос.
Грчкиот премиер Алексис Ципрас ја прифати оставката на министерот за надворешни работи Никос Коѕијас и му се заблагодари за неговиот придонес во Владата и за земјата во изминатите 3,5 години, соопштуваат од кабинетот на грчкиот премиер, јави МИА од Атина.
Раководењето со Министерството за надворешни работи ќе го преземе премиерот на Грција „за да помогне со сите сили за успешно завршување на Договорот од Преспа“.