Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ се откажаа од дискусија за уставните промени


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


1ТВ дознава дека пратениците на ВМРО ДПМНЕ се откажале од дискусиите за уставните промени. Денеска во Собранието тече третиот ден на дебата со единствена точка на дневниот ред предлог за пристапување кон измени на Уставот на Република Македонија

Бранко Манојловски рече дека е потребна амнестија за да се деблокираат евроинтеграциските процеси. Тој побара да се даде амнестија на сите од ВМРО-ДПМНЕ кои се огрешиле, бидејќи како што рече доволно пропатиле и поефтино е. „Бидете практични драги деца“, рече Манојловски.

Како претставник на Коалицијата за подобра Македонија зборуваше Панчо Минов и рече дека е конзистентен на ставот против уставните измени. Тој понуди неколку предлози меѓу кои прифаќање на името Северна Македонија за домашна употреба да почне да се применва по зачленувањето на Македонија во ЕУ и НАТО. Министерот за надворешни работи Димитров во реплика до Минов кажа дека повторното отворање на процесот е голем ризик, а примената на името Северна Македонија ќе се постигне со самиот процес на ратификацијата овде и во Грција.

Извор: Лидер