„Македонско село“ под клуч: Од утре познатиот коплекс се затвора


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Комплексот „Македонско село“ од утре под клуч, ова го информираше менаџментот на комплексот на својот фејсбук профил.

„Ве информираме дека менаџментот на комплексот „Македонско село“ донесе одлука за затворање на Комплексот и истиот престанува да работи од 18.10.2018 (четврток).Ви благодариме за сите заеднички моменти, убави спомени и посети во изминатите години“, пишува на фејсбук-страницата.

Комплексот беше даден на 20 годишна концесија на поранешниот градоначалник на општина Центар и познат бизнисмен, Владимир Тодоровиќ. Причините за затворањето се уште не се познати, а она што се знае е дека Тодоровиќ за комплексот плаќал кирија од 3.500 евра.

ЈСП воведе бесплатни автобуски линии до „Македонско село“ за време на викенди, со цел, поголема туристичка промоција на местото.