„Зошто луѓето добиваат на значење кога ќе направат нешто лошо…“ – 11 години без Тоше


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


„Зошто луѓето добиваат повеќе значење кога ќе направат нешто лошо никако не можам да сфатам се трудам веќе долго време да дешифрирам .. да се направи лошо е многу полесно, да се направи добро е многу тешко веројатно не сакаат да се трудат многу а да добијат на значење тоа е најдобрата формула.. Правам грешки како што прави секој нормален човек секојдневно, значи не сум безгрешен ниту сум светец ниту сум ангел, далеку сум од тоа ама сум далеку од работите што ми се препишуваат посебно во последно време“ – дел од интервјуто со Тоше Проески во емисијата „Вртелешка“, 15.10.2007, ден пред да загине во трагичната сообраќајна несреќа кај Нова Градишка.

Други зборови веќе не се потребни за најголемата музичка поп ѕвезда која ја имала Македонија. Нека зборува музиката, нека раскажуваат песните.