CNN: Саудијците ќе го признаат убиството на новинарот Кашоги, ќе поднесат и извештај


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


CNN пренесува дека Саудиска Арабија подготвува два извештаи кои ќе бидат испратени во САД во врска со убиството на новинарот на Вашингтон Пост, Џамал Кашоги, во кои ќе го признае убиството во нивниот конзулат.

Новинарот Џамал Кашоги бил жртва на ,,неспретно испитување”, се наведува во извештајот, објавуваат турските медиуми повикувајќи се на дипломатски извори.

Американската телевизија CNN повикувајќи се на сопствени извори објави дека Саудиска Арабија подготвува извештај за признавање на убиството на новинарот Џамал Кашоги, кој од 2-ри октомври е исчезнат откако влезе во саудиски конзулат во Истанбул, Турција.

Според CNN, во извештајот ќе стои дека Кашоги починал откако негово испрашување во конзулатот тргнало во погрешен правец и дека операцијата против новинарот се одвивала без дозвола од саудиските власти.

53 – годишниот новинар на 2 октомври влегол во конзулатот за да извади документи за венчавка сo турска државјанка и од тогаш му се губи трагата. Кашоги беше познат како остар критичар на Саудиска Арабија и на членовите на кралското семејство.

Турските власти денеска објавија дека имаат аудио снимка на која се слуша дека Кашиги е убиен , а снимките ги предадоа во Саудиска Арабија и во САД.

Претседателот на Турција , Реџеп Таип Ердоган минатата недела рече дека лично ќе се заложи во истрагата за исчезнатиот новинар на Вашингтон Пост.