Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Холивудскиот актер, Џорџ Клуни отсекогаш бил миленик на жените, а откако се ожени со Амал, во јавноста стана уште помил.
Љубовта кон својата сопруга актерот никогаш не ја криел, а со својот последен потег уште еднаш докажа колку таа му значи. Имено, Џорџ овој викенд учествуваше на настан за женските права и требаше да и ја врачи наградата за труд на активистката Еми Гонзалес, пред што оддржа говор.
Кога се качи на говорницата и застана зад микрофонот, истакна: „Добар ден, јас сум Џорџ. Сопруг на Амал Клуни“.
Со овој потег толку ги воодушеви сите присутни што го наградија со гласен аплауз и овации. Иако е многу успешен актер и добитник на Оскар, Џорџ уште еднаш покажа дека е многу скромен и дека има јасни животни приоритети кога станува збор за неговото семејство.
https://www.instagram.com/p/Bo6m8uuBABx/?taken-by=themoviegoer._