Фудбалскиот свет во црно: Почина легендарниот коментатор Питер Браклеј


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


По тешка болест, коментаторот, Питер Браклеј почина во 67. година од животот, потврди неговиот сакан клуб Брајтон, јавува „The Sun“.

„Сите ние во клубот добро го познававме Питер. Беше неверојатно талентиран, омилен помеѓу публиката, забавен и пред се добар човек. Ќе ни недостасува. Овојпат изразуваме сочувство на семејството на Питер“, напиша претседателот на управата на Албион, Пол Бербер.

Браклеј се прослави коментирајќи на Канал 4 Фудбал Италија, а кариера имаше долга четири деценија мината работејќи за BBC, ITV и Sky.

Исто така, беше коментатор на Светското првенство од 1986. година до 2006. година. Работеше и коментирајќи ја Лигата на шампионите.

Беше и редовен коментаторски глас во популарната фудбалска симулација, Pro Evolution Soccer во периодот од 2002. до 2006. година.