Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Одделението за безбедност на патниот сообраќај при Секторот за внатрешни работи Скопје во периодот од 23 часот до 5 часот спроведе акциска контрола за откривање возачи кои управуваат со возило под дејство на алкохол на подрачјето на Скопје, соопшти МВР.
– Контролирани се вкупно 188 возачи. Кај 25 од нив било утврдено присуство на алкохол во крвта. По однос на констатираните прекршоци од Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата и Законот за возила, кон возачи преземени се вкупно 113 мерки. Исклучени се 25 возачи од сообраќај, времено се одземени 19 возачки дозволи, издадени се 39 мандатни платни налози и 30 прекршочни платни налози, стои во соопштението.