Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Тројцата осомничени од случајот кој е под ингеренции на Специјалното јавно обвинителство и кои вчера беа на распит кај судија на претходна постапка не добија мерка притвор, па од СЈО најавија дека ќе поднесат жалба за оваа одлука.
Нa првоосмничениот Kоле Смилевски, одземен му е пасошот и има обврска да се јавува во судот. За останатите двајца осомничени Ратко Димитровски и Томе Главчев изречена е алтернативна мерка за јавување во судот.
СЈО најави дека утре ќе поднесе жалба до криввичниот совет за мерките, а адвокатите велат дека одлуката е објективна со оглед на далечните случувања на делата, но и дека имало застарување и за некои од нив. Осомничените заминаа од судот без коментар.