Димитров за „360 степени“: Кој не верува во договорот со Грција, чесно е да се тргне на страна“


Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓


Во интрвјуто кое го даде за „360 степени“, првиот човек на македонската дипломатија, Никола Димитров, зборуваше за уставните амандмани кои се пред пратениците и дали власта очекува нивно изгласување.

Тој додаде свој став и за прашање во врска со пратеникот од владејачкото мнозинство, Ферид Мухиќ, и дали власта го очекува неговиот глас сега.

„Силен интерес на ова општество е сите пратеници да имаат слобода да одлучат согласно својата совест и мудрост бидејќи има огромна одговорност нивниот глас. И нивниот глас „за“, меѓутоа и нивниот глас „против“. Мислам дека ова не е споредно прашање, ниту за владата, ниту за нашата држава. За нешто толку крупно, јас, на пример, ако не се согласував лично и имав проблем со својата совест нема да можев да седам, да бидам министер за надворешни работи, ако цврсто не верувам и активно не сум ангажиран во успехот на овој процес. Така што, пратениците и сите ние коишто сме носители, ставивме рамо и преземавме одговорност за овој процес, за мене е спорно да го гледате од страна. Сакам да кажам, прашањето е преголемо, мислам дека би било чесно, ако не верувате да се тргнете“ – рече Димитров.

Ова е порака за Мухиќ?

„Па, можете да ја толкувате како сакате, ама прашањето не е споредно, прашањето е клучно за иднината на нашата татковина, прашањето е веројатно најважно прашање и политичка инвестиција на оваа влада, да најде решение, да го најде клучот од вратата од чекалната. Клучот го понудивме на граѓаните, сега го нудиме на пратениците, ќе видиме дали ќе дојде до предвремени избори. Не можете ова прашање да го толкувате туку така. Или ќе ја споделите одговорноста, или за вакво прашање ќе речете, јас се извинувам, меѓутоа ваков ми е ставот, не сакам да пречам. Преважно е прашњето, нема простор и нема луксуз за игра со ова прашање“ – рече Димитров.