Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Денес, сабота, 13 октомври, времето во Македонија ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Повеќе облачност ќе има во источните делови. Ќе дува слаб до умерен североисточен ветер.
Утринската температура ќе се движи од минус три до девет степени, дневната од 21 до 28 степени.
Во Скопје ќе биде сончево со мала облачност и со слаб до умерен североисточен ветер. Утринската температура ќе се спушти до шест, а дневната ќе достигне до 25 степени.
Во наредните денови продолжува периодот на сончево време со мала до умерена локална облачност. Утрата ќе бидат студени, а дневните температури ќе бидат без позначителни промени и ќе се задржат малку над просекот за овој период од годината.