Скандал во Франција: Слеп човек и неговото куче силеџиски ги избркаа од маркет (видео)


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Видеото кое го објави слепиот Артур Омоите предизвика лавина од револт, гнев и критички реакции на социјалните мрежи во Франција.

Артур го сподели неговото непријатно искуство во супермаркет во близина на Марсеј, каде бил заедно со неговото куче- водич, Лоја. На видеото се гледа како вработен во маркетот му вели дека тој и неговото куче треба да го напуштат објектот од хигиенски причини.Потоа друг вработен го изнесува кучето водич на слепиот човек.

Инцидентот, што предизвика бура од реакции во Франција е снимен од човек кој бил во придружба на Омоите. Тој дури и се труди на вработените да им ги објасни законите според кои лицата со оштетен вид може да влегуваат во сите јавни установи со своите животни , кои им помагаат. Листот хартија , кој се гледа на видеото е всушност правилникот за слепи лица и нивните животни.

Откако човекот одбил да го напушти маркетот и побарал да викнат полиција , еден од вработените почнал да го турка кон излезот, а друг го избркал кучето. После лавината од реакции кои на социјалните мрежи ги предизвика овој скандал, од супермаркетот му се извинија на Артур.