Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Најголемите произведувачи на чоколадо во светот се насочуваат кон Истокот со цел да го зголемат својот раст, и покрај слабиот интерес за слатки производи во САД и Западна Европа.
Barry Callebaut AG го презема рускиот инфорум и влегува на вториот најголем пазар според обем, на чоколади во светот, соопшти швајцарската компанија, пренесува SEEbiz.
Купувањето е знак на враќање на довербата во раст, откако рублјата падна за 12% во однос на швајцарскиот франк во текот на изминатата година.
Одлуката на Barry Callebaut покажува дека компаниите кои произведуваат чоколадо преминуваат на нови пазари, додека американските и европските потрошувачи ги повлекуваат производите од шеќер во потрага по здрави алтернативи.
Според вториот швајцарски „чоколаден“ гигант, Lind & Spruengli AG, Бразил, Јужна Афрука, Јапонија, Кина и Русија ќе имаат огромен потенцијал во следните години. Половина од 30 до 40 продавници кои треба да се отворат оваа година ќе бида на овој нов пазар, пренесува SEEbiz.
Европа е заситена со чоколадо и е дом на првите десет земји со најголема потрошувачка по глава на жител, според Euromonitor International.