Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Бившиот американски претседател Џорџ В. Буш ја испрати до олтарот својата ќерка Барбара Буш на нејзината венчална свеченост. На церемонијата беше присутен и ја следеше истата и неговиот татко Џорџ Буш, исто поранешен претседател на САД.
Венчавката се одржа на имотот на Буш во Кенебанкпорт, во Мејн. Сестрата на невестата, близначката Џена Буш Хегер изјави дека Барбара на венчавката носела нешто позајмено – бразлетна која нејзиниот дедо и ја подарил на својата сопруга за 70 годишнината од бракот.
Бабата на невестата, по која го носи и името, Барбара Буш почина во април во 92 година. Американските медиуми пренесуваат дека брачниот пар ќе живее во Њујорк.