Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Годинешното издание на германскиот Октоверфест, веројатно светски најпознатиот фестивал посветен на пивото, заврши во неделата со официјална бројка од 6,3 милиони посетители, меѓу кои беа и Бил и Хилари Клинтон.
На Октоберфест 2018 се испија околу 7,5 милиони литри пиво, исто колку што беа испиени и лани, како и десет насто повеќе безалкохолни пијалоци, изјавија организаторите.
Пријатното топло време предизвика посета од дополнителни 100.000 посетители, додека казнени дела имаше за 10 насто помалку во однос на 2017 година.
„Ова беше супер фестивал“, изјави градоначалникот на Минхен, Јозеф Шмид.
Без оглед на падот на криминалот, овогодинешното издание на Октоберфест го засени смртта на посетителот кој се степа и почина од удар во главата. Како што пренесуваат германските медиуми, жртвата е 58-годишен Германец од минхенската област, кој починал поради крварење во мозокот после тепачката. Полицијата издаде налог за апсење на 42-годишен маж, кој во саботата се појавил во полициската станица заедно со својот адвокат.
Меѓу овогодинешните славни гости беше и бившиот американски претседател Бил Клинтон, облечен во традиционални кожени панталони, со сопругата Хилари. Клинтонови пристигнаа со голема полициска придружба во популарнито „Kaefer“ шатор, каде порачаа „Мass“, кригла од еден литар.