Еколозите и експеритете порачуваат: „ДЕЈСТВУВАЈТЕ СЕГА, ИДИОТИ!!“


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Доколку човештвото сака да го ограничи климатското затоплување на 1,5 Целзиусов степен, проценката на експертите од областа на екологијата и други придружни научници е дека светот мора ВЕДНАШ и ПОД ИТНО да дејствува во тој правец.

Експертите за климатски промени од Обединети нации и предупредуваат дека ќе има значителни ризици ако овој праг се надмине.

Меѓувладината експертска група за климатски промени, лауреат на Нобеловата награда за мир, објави извештај од 728 страници во јужнокорејскиот град Инчон, во кој детално се опишува корисното влијание врз времето на Земјата, здравјето на луѓето и екосистемите ако глобалните лидери успеат во иднина да го запрат затоплувањето предизвикано од човекот на половина степен Целзиусов, наместо целта од еден степен Целзиусов.

„Ограничувањето на порастот на 1,5 степени ќе има многу поголеми придобивки во споредба со ограничувањето на два степени. Тоа навистина ќе го намали влијанието на климатските промени на многу начини. Ако сакаме да го постигнеме тоа, мора да направиме досега невидени промени, од енергетските системи, преку начинот на обработување земја до транспортот. Научниците би сакале да го напишат тоа со големи букви: ДЕЈСТВУВАЈТЕ СЕГА, ИДИОТИ!, но тие сакаат да зборуваат со факти и бројки. И тие го прават тоа“, вели Кајса Косонен од организацијата „Гринпис“, која го набљудуваше проектот.

Научниците предвидуваат дека ако се надмине овој критичен праг, од недостиг на вода ќе страдаат двојно помалку луѓе отколку сега, ќе има помалку смртни случаи и болести поради топлина, смог и разни инфекции, ќе има значително помалку топли бранови, поројни дождови и суша.

Во 2010 година, учесниците во меѓународните разговори за климата ја прифатија целта за ограничување на затоплувањето на два степена во споредба со прединдустриската ера. Ова беше наречено „Цел од два степена“.

Во 2015 година, кога беше историскиот Париски климатски договор, беше определена двојна цел – два степена Целзиусови и повисоката цел од 1,5 степен Целзиусов во споредба со пред-индустриската ера. Целта од 1,5 степен беше на инсистирање на ранливите земји, кои целта од два степена ја нарекоа „смртна пресуда“.