Готово: Зидан е на „стендбај“ – се чека само отказ на Мурињо


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Манчестер Јунајтед го замоли Зидан да ги одби сите понуди кои ги има и да ги почека „црвените ѓаволи“ да ја завршат работата со Жозе Мурињо, пренесуваат англиските медиуми.

Зидан е прв избор за наследник на Мурињо на „Олд Трафорд“ и се чека само раководството да ја договори разделбата со „Специјалниот“.

„Црвените ѓаволи“ веќе го контактирале Зидан и ова не е прв пат да ја користат оваа тактика. Истото го направија со Мурињо кога беше слободен и го ставија на „стендбај“ да чека отказ од Ван Гал.

Потсетуваме дека уште пред два месеци еминентниот „Екип“ најави дека Зидан сака да преземе некој тим од Премиер лигата и дека за него Манчестер Јунајтед е прв избор.

Наводно Зидан веќе учи англиски јазик и спремил листа на потенцијални засиливања. На „Олд Трафорд“ се надеваат дека Зизу може веднаш да ја подигне атмосферата во соблекувалната, а особено задоволен од неговото доаѓање ќе биде Пол Погба.