Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Во борбата која целиот спортски свет со нетрпение ја исчекуваше, Хабиб Нурмагомедов го победи Конор Мекгрегор, но за она што се пишува по овој меч се случувањата кои настанаа откако Ирецот ја предаде борбата.
Хабиб ја искористи својата специјалност и со „гушење“ ја однесе победата. По победата Дагестанецот тргна во публиката да се пресметува со еден од тренерите на Конор.
Но, тоа не беше се! Во тие моменти тимот на Хабиб го нападна Конор Мекгрегор кој стоеше во рингот!
А по борбата настана вистински хаос, емоциите го победија разумот, Хабиб излезе од октагонот и го нападна џиуџицу тренерот на Конор, Дилон Дејнис. Настана општа тепачка која беше смирена, но не и страстите.
Мекгрегор беше испратен во соблекувалната со големо обезбедување. Хабиб во октагонот го бараше појасот, но не му беше доделен на сцената пред публиката во Лас Вегас која во најголем број навиваше за Ирецот. Му беше речено дека ќе го добие внатре, па и тој со обезбедување беше внесен.
Претседателот на УФЦ, Дана Вајт потврди дека тројца од тимот на Хабиб се уапсени и однесени во затвор.
Поради ваквата ситуација претседателот на УФЦ, Ден Вејт не му го додели шампионскиот појас на Кабиб.