Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Иако пред неколку дена, Саманта Маркл се извини на својата полусестра, Меган поради константното навредување, се чини дека сето тоа брзо го заборавила и продолжи во својот тек натаму.
Нагло го промени своето мислење, па одлучи да ги раскаже деталите за растењето на војвотката.
„Меган никогаш не била воспитувана како единствено дете. Вистина, деца! Нашиот татко е неверојатно и успешен“, почна Саманта и продолжи: „Светот не знае дека нашиот татко ја воспитуваше повеќето од времето без упатства од мајката на Меган, особено од 12. година и низ средното училиште, тој и даде се што таа денес има“.
На своите социјални мрежи, Саманта често ги изнесува своите ставови и го има вниманието од јавноста, на сметка на славата на Меган.
Покрај тоа, очигледно се навредила по бројните коментари за нивниот татко, па одлучи на тоа да му стави крај. Додаде дека губитниците кои Томас го нарекуваат донатор на сперма, можат да се загушат од своите зборови.
„Меган ги претвори обете страни на семејството во духови, и треба повторно да ја заслужи нашата доверба. Не да сер*ш на целото семејство и потоа да трчат наоколу тврдејќи дека не можеш никому да веруваш. Меган го игнорираше татко и кога имаше срцев удар и нема оправдување за тоа. Мораш да бидеш ментално болен да мислиш дека тоа е во ред. Можеби таа треба да замине на некои консултации“, заклучи Саманта.