Со овие потези несвесно го повредувате вашиот партнер: 8 работи поради кои постои голема шанса да избега од вас…


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Мажите неретко умеат да бидат повредени и тоа најмногу со работите на кои ние не им обрнуваме внимание или несвесно ги правиме.

Во овие 8 ситуации веројатно ненамерно се го повредиле:

Невнимание кога нешто ви зборува

Сакате да бидете емоционално блиски со својот маж? Тогаш обидете се повеќе да внимавате на она што го дели со вас. Момците нема да се најават кога сакаат да поделат нешто лично со вас, додека ние обично велиме: „Може нешто да ти кажам“.

Осудување на неговите љубовни вештини

Жените можат ненамерно да кажат некои прилично опадни коментари по сексот, а тоа може да влијае на самодовербата на мажот. Момците се чувствителни по прашање на своите сексуални способности и затоа обидете се да не зборувате негативно. Ако направи нешто што вам не ви се допаѓа, кажете му го тоа и пофалете го. Тој тоа веднаш ќе го меморира и ќе ви биде благодарен. Ако направи нешто што ви пречи, немојте тоа веднаш да му го споменувате по сексот, бидејќи тогаш е најранлив.

Исмејување на неговите финансии

Дури и ако тој ја исмејува својата банкарска сметка, вие немојте. Нему не му е грижа ако не може себеси да си дозволи баш се што сака и затоа ќе се шегува на сопствена сметка. Но го загрижува дали ќе може да ви понуди вам се што ви е неопходно. Ако во било кој момент забележи дека вас ве загрижуваат неговите финансии, ќе се чувствува понижено.

Занемарување на се што ќе ви подари

Можеби ќе се насмее ако пронајде подарок кој ви го подарил на дното на ормарот, но длабоко во себе ќе биде несреќен бидејќи сака да ве направи среќни, а не знае како. Голем дел од среќата на мажот минува од неговите способности да ве направи среќни. Ако помисли дека е неспособен да ве усреќи на било кој начин, врската му ја губи смислата.

Кога не му велите „Те сакам и јас тебе“

Жените многу често велат „Те сакам“, повеќе од мажите. Но кога мажот ќе го каже тоа, тоа значи дека се случило нешто што го потсетило колку ве сака и ги поттикнало чувствата на љубов. Кога не му велите „и јас тебе“, без оглед на тоа дали сте заборавиле и сте ја спуштиле слушалката пред да имате прилика тоа да го кажете, тие веднаш ќе се запрашаат дали нешто лошо се случува. Кога тие велат „Те сакам“, сакаат блискост и поврзување и ако не му возвратите на ист начин, имаат чувство дека ја губат поврзаноста со вас.

Кога му давате до знаење дека сте забележале дека има некој килограм повеќе

Само затоа што момците го прават тоа еден на дрг, немилосрдно е да се исмеваат во друштво, не значи дека можете и вие. Мажите се преправаат дека не им пречи кога пријателите ги исмеваат, но всушност веднаш се обидуваат да смислат начин како да го решат тој проблем. Сакате да знаете зошто? Затоа што и натаму сакаат да ви бидат еднакво привлечни. Така што, ако им упатите критика, нивната самодоверба веднаш ќе падне. И може да потрае некое време додека повторно не се чувствуваат полни со самодоверба.

Го критикувате пред другите

Дури и ако вие се чувствувате толку пријатно со своето семејство и пријателите што не ви пречи ако се расправате со партнерот пред нив, верувајте дека нему му пречи. Тој во тој момент се чувствува како воопшто да не го почитувате. Никој не ги разбира двете страни во расправијата, а особено ако не ги знае сите детали, и ќе се определи за една страна, а вашиот маж тоа настојува да го избегне.