Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Откако повеќе од успешно го режираше „Господар на прстените“ и „Хобит“, Питер Џексон учествуваше во пишувањето на сценариото за новата епска авантура под назив „Смртоносни машини“, додека режисерскиот дел му припадна на Кристијан Риверс.
Илјада години откако цивилизацијата е уништена поради катаклизма, луѓето се прилагодуваат на условите и новиот начин на живот кој еволуцираше. Гигантските градови во чекор, сега лутаар во планетата, немилосрдно освојувајќи мали градови.
Том Нетсворти (Роберт Шиан), кој потекнува од помало ниво од Лондон, познатата метропола која сега е во покрет, ќе се најде во битка за опстанок откако ќе ја запознае опасната Хестер Шо (Хера Хилмар).
Две спротивности, чии патишта никогаш не смееле да се вкрстат, не сакајќи ќе направат сојуз кој е предодреден да ја смени иднината.
Филмот ќе се најде во кината од 13. декември, а до тогаш, погледнете го трејлерот.