Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Појадокот е најважниот оброк во текот на денот, но не е важно само да ставите нешто во уста, туку да јадете здрав, избалансиран оброк, и така да го започнете денот.
Новото истражување покажа дека ако само четири дена за појадок јадете нешто масно или слатко, мозокот трпи значително последици.
Само четири во низа денови во текот на кој ќе јадете мрдна, преработена храна, слатки кроасани или нешто слично го намалува капацитетот на вашиот мозок за учење и памтење, на сличен начин како и дебелите луѓе.
Но, овие промени на мозокот се случуваат многу побрзо отколку што е потребно за вагата да ги покаже последиците од нездравиот појадок по вашата килажа.
Студијата спроведена на Оксфорд покажа дека кога луѓето кои генерално имаат добро здравје во текот на пет во низа денови јадат не здрава, брза храна, имаат лоша концентрација и паметење, од оние кои конзумираат здрава храна, без намирници кои содржат дополнителни шеќери или трансмасти, пренесува Дејли Меил.
Но, утврдено е исто така дека овие промени во когнитивните функции се случуваат и кај луѓето кои немаат прекумерна тежина, како и кај оние кои имаат вишок килограми.
Експертите претпоставуваат дека се предизвикани од брзите промени во нивото на шеќер во крвта кои се јавуваат кога јадеме нездрава преработена храна.