Едноставно и многу вкусно: Сникерс колач кој ќе ве остави без здив


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Ова благо го обожува речиси секој. Ви го откриваме рецептот за еден од најубавите колачи со вкус на чоколадо, кекс и ореви.

Потребно е:

350 грама кекс

200 грама ореви

100 грама карамела

125 грама маргарин

150 грама чоколадо

100-200 грама шеќер

200 милилитри вода или млеко

Подготовка:

Во водата или млекото додадете го шеќерот па стопете ја карамелата, додадете 50 грама чоколадо и маргарин. Кексот иситнете го на ситни парчиња и додадете ги сецканите ореви. Ставете ја растопената карамела и се добро изедначете. Плехот обложете го со хартија и истурете го натопениот кекс и добро притиснете го. Оставете го да се олади во фрижидер да прелијте со растопеното чоколадо. Кога ќе се стегне сечете штандли по желба.