Емили Ратајковски уапсена во Вашингтон


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Вчера, во Вашингтон, беше одржан протест против Брет Кавано, кандидатот предложен од Доналд Трамп за врховен судија во САД. Протестите ги поддржаа и излегоа на нив голем број славни личности, а полицијата уапси околу 300 протестирачи меѓу кои се најдоа и Емили Ратајковски и Ејми Шумер.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Emily Ratajkowski (@emrata) on

„Денес бев уапсена за време на протестот против кандидатот за врховен судија Брет Кавано, човек кој е обвинет од страна на повеќе жени за сексуална злоупотреба. Човек кој им наштетил на жени не може да биде на така моќна функција. Потврдата на неговата кандидатура е порака до жените од оваа земја дека не се важни. Барам од Владата да ги признае, почитува и поддржува жените подеднакво како и мажите“, напиша Емили на својот Инстаграм откако беше пуштена од полиција.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Amber Heard (@amberheard) on

Освен Емили и Ејми, на протестите присуствуваше и актерката Амбер Херд.