Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Ако повеќе не сакате да трошите време на излегување со било каков маж, веќе сакат конечно да го запознаете „господинот вистински“, можеби ќе ви помогнат инструкциите на една популарна блогерка, Ракел Изабел Алдерте. Таа подели совети како да го препознаете човекот за брак, на основа на препорака од својот татко за пронаоѓање на маж кој вас навистина ќе ве направи среќни.
Мора да знае да ве насмее
Излегувате со маж кој ве прави среќна, но омажете се за него само ако толку ве засмејува што ви се грчат мускулите во стомакот и може да ве насмее дури и додека неутешно плачете, пишува на блогот на Ракел. Авторката додава да пронајдете некој кој банално е интересен.
Има пликови на дланките
Уверете се да има „жолти пликови“ на рацете, бидејќи тоа е знак дека е вреден и знае да создава, а создавањето го прави несебичен. Упатството од оваа блогерка, гласи дека грубите дланки се подобри од меките, затоа што пликовите се доказ дека живеел.
Знае да се бори со стресот
Пред да се омажите за него, налутете го. Морате да го видите бесен, исплашен, болен и под стрес, бидејќи тоа ја менува секоја личност. Ако успее да се справи со тоа, значи дека е подготвен за живот во двојка.
Вие сте му поважни од парите
Ако паричникот му е пред љубовта, никогаш не би биле негов приоритет. Треба да сака пари, но само за да ве направи среќни вас. Доколку вас постојано ве вознемирува со финансиски проблеми, не е подготвен за вистински брачен живот.
Сака животни
Како човекот се однесува кон животните покажува и како ќе се однесува кон децата. Ако го видите дека подигнува рака на кучето, спакувајте ги работите и заминете. Утре тоа ќе ви го направи вам и на децата. А, насилник не е клуч за среќа.