Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Скопската компанија „НИКОБ ДОО“ која дејствува во секторот за приватно и јавно обезбедување, ќе ги обезбедува органите на државната управа и за тоа ќе наплати 3,07 милиони евра, пренесува Фактор.
Оваа компанија застапувана од Кирил Лазаров, ја доби оваа услуга на тендер, а договорот ќе го склучи со Службата за општи и заеднички работи на Владата. Двете страни договорот го склучија завчера на 2 октомври. Услугата што „НИКОБ“ ќе ја дава опфаќа физичко обезбедување односно физичка заштита на имотот на државните органи во нивните објекти, заштита од пристап на неповикани лица и други форми на штетни дејствија како и заштита и обезбедување на личната сигурност на лицата кои работат во објектите на државната управа. Услугата на „НИКОБ“ опфаќа и надзор врз видео камерите во објектите и одржување на редот во просторот што се обезбедува.
Двете страни се договориле сите лица кои ќе бидат ангажирани на обезбедување на објектите на државната управа да имаат униформи и опрема, да имаат на располагање возила и патролни коли, уреди за комуникација, подвижен детектор во зависност од потребите и сето тоа да го обезбеди „НИКОБ“. Лицата од обезбедувањето имаат право да носат оружје, а агенцијата што ја има и обновува лиценцата согласно со законската регулатива.
Договорот меѓу двете страни ќе важи три години што значи дека улсугата обезбедување на органите на државната управа ќе го чинат буџетот по еден милион евра годишно.