Протече и видео од Роналдо со Мајорга: Свршил, па се извинил – адвокатите „исчистиле“ сè


Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓


Откако неделникот Der Spiegel ја објави потресната приказна од Американката Кетрин Мајорга, жената која тврди дека пред девет години била силувана од фудбалската ѕвезда Кристиано Роналдо, кој потоа ја исплатил за да молчи за тој скандал, Кетрин сега излезе во јавност со сведоштва за таа случка и прв пат ја изнесува целата приказна за истата.

Гнасен злочин

Кетрин Мајорга во тоа време имала 25 години и Кристиано Роналдо го запознала на 12 јуни, 2009 година, на забава во ноќниот клуб од казиното „Palms Casino Resort“. Таму работела како хостеса на барот со уште неколку прекрасни девојки, чија работа била да привлекуваат клиенти во клубот. Видео снимката која протече од таа вечер можете да ја погледнете ТУКА.

Роналдо таа вечер заедно со пријателите пристигнал во клубот и со пријателката Џордан, чие име е променето заради зачувување на приватноста, ги повикал на приватна забава во неговата хотелска соба. Откако малку се „тегнеле“, тие две се согласиле да одат во хотелот со Роналдо. Кога стигнале таму, Кристиано им рекол дека забавата е веќе завршена, но дека можат да направат приватна забава во неговата соба.

Тој бил сместен во луксузен апартман со џакузи и панорамска глетка на градот, па сите тројца влегле во џакузито и почнале да се забавуваат. Мајорга малку се опирала бидејќи не сакала да си го уништи фустанот кој планирала да го носи другиот ден на некое снимање. Но, Роналдо ја наговорил да се преслече во друга облека и да им се придружи. Таа отишла во бањата за да се преслечи, и додека стоела само во гаќички, упаднал Роналдо, а половиот орган му висел од гаќите.

Барал да го задоволи орално, но таа го одбила. Потоа барал да го бакне, на што се согласила кратко да го бакне, без да биде свесна за опасноста во која се наоѓа. Набрзо после тоа, тој ја одвлекол во собата каде насилно и без кондом и лубрикант ја содомизирал, како што сведочи Мајорга. Таа повеќе пати му рекла „не“, „престани“, „запри“, а откако свршил, се извинил и рекол дека инаку е добар човек.

Моќ, пари, влијание

Мајорга од шок првин не сакала никому да му открие што се случило, несвесна за случката. После тоа ја напуштила забавата и си отишла дома. Пријателката Џордан ја побарала на телефон за да ја извести дека завршиле во весниците на фотка со Роналдо, на што Мајорга признала што ја снашло вечерта. Пријателката ја советувала да постапи внимателно, бидејќи Роналдо е премногу богат и моќен човек.

Три месеци, како што вели таа, плачела и не можела да се смири. Најпосле, родителите ја советувале да ангажира адвокат и ја избрала адвокатката Мери Смит. Таа била неискусна и неподготвена за случај од таков габарит. После стапувањето во контакт со адвокатскиот тим од Роналдо, одлучиле дека вонсудско решение и договор за истиот е најдобра опција за двете страни. Во конечната верзија од таквата спогодба, оштетената е исплатена со 260.000 евра обештетување, што е износ кој Роналдо во тоа време го заработувал за една недела играјќи за Реал Мадрид, во замена за молкот на Мајорга.

Семејството на Кетрин тврди дека адвокатката била премногу неискусна и дека агонијата од решавањето на спорот надвор од судот резултирала со нанесување на уште поголема болка и траума на Кетрин, која морала да потпише договор во кој стоело дека има забрана дури и со психијатар да разговара за личноста која ја силувала. Адвокатите од Роналдо се потрудиле тајната никогаш да не се дознае.

Промена после движењето #metoo

Мајорга и понатаму била под притисок од траумите и последиците и вели дека после пет години, донекаде, се вратила во нормален живот, но не можела да каже дека е навистина среќна. Движењето #metoo ги променило гледиштата и ставовите на општеството за жените кои биле жртви на сексуална злоупотреба, па ја охрабрило и Мајорга да најми нов адвокат со повеќе искуство и јавно да каже за нејзината непријатна случка.

Таа потенцира дека не станува збор ниту за пари, ниту за одмазда, туку само за правда. Роналдо очигледно нема да може да го избегне овој судски процес и ќе мора да се изјасни што, според него, се случило во 2009 година. Според законот кој е на сила во сојузната држава Невада, во која се случило делото, сексуалното злосторство никогаш не застарува како случај.