Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Португалскиот напаѓач, Кристијано Роналдо е обвинет за силување откако Катрин Мајорга тврди дека фудбалерот на Јувентус ја силувал во хотел во кој таа работела како хостеса.
Американсата полиција отвори истрага со оглед на тоа дека во Невада не постои застарување за силување, а сега се јави и мајката на жената која го обвини Роналдо.
„Мојата ќерка никогаш не беше иста по тоа. Таа секогаш се кршеше кога ќе го видеше Роналдо на некој плакат“, истакна мајката на Катрин Мајорга.
Роналдо како што се наведува во 2009. година тврдеше како прифатила да има секс со него, но во мејловите кои ги испрати неговиот португалски адвокатски тим признава како девојката му рекла да престане и неколкупати му рекла „не“.
„Лежеше во аголот. Не ја менувавме позицијата од пет до седум минути. Рече дека не сака, но се направи достапна. Ми зборуваше немој, не сум како другите, и потоа се извинив. Не се жалеше дека е брутално, се жалеше дека сум ја присилил. Но не споменуваше дека ќе замине во полиција“, образложи фудбалерот кој како што се наведува на Мајорга и исплатил 375.000 долари на сметка во замена за повлекување на тужбата.
Сепак, Мајорга се одлучи со јавноста да ја сподели нејзината приказна, Роналдо потоа ги отфрли сите обвиненија, а неговите адвокати најавија тужба против германскиот Дер Шпигел кој го објавил интервјуто и ја повлече целата приказна преку Фудбал Лекс.