Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Професорка по приридни науки од британскиот град Бристол го завела и имала секс со малолетен, 16-годишен ученик и тоа во авионскиот тоалет, за време на летот со кој се враќале од екскурзија.
Професорката Елинор Вилсон (29) имала сексуален однос со 16 годишен ученик во авионски тоалет додека се враќале од екскурзија во Африка. Поради овој скандал професорката заработи кривична пријава која сега е процесуирана во судски процес. Таа е обвинета за ,,недолично допирање” на ученикот додека седела до него во авионот, а потоа го повикала во тоалетот, каде го приморала на однос.
На судот се слушна и признанието на професорката која подоцна му рекла на ученикот дека е трудна од него, а тој е таткото, но дека ќе направи абортус.
Инцидентот се случил во 2015, а обвинителството ја оценило наставничаката како интелигентна жена која сака ризици. Беше наведено и дека професорката и ученикот пиеле во авионот и биле многу блиски додека другите спиеле.
Нивната врска продолжила и по екскурзијата, заедно излегувале и оделе на приватни излети .
Врската требало да остане тајна. Но, момчето не можело да издржи и им се пофалил на пријателите. Со почетокот на истрагата, професорката дала отказ.
Таа и во судот ги отфрла наводите на момчето и вели дека сето тоа е плод на неговата фантазија.