Замира железничката линија Белград-Солун-Белград


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Од први октомври оваа година, на сила стапува одлуката за укинување на меѓународниот патнички воз кој сообраќаше на релација Белград – Солун – Белград.

Министерот за транспорт и врски, Горан Сугаревски, претходно изјави дека ќе се направи сè што е во наша моќ за таа линија да не се укине.

„Оваа линија е од огромно значење за Република Македонија. Ќе направиме се што е во наша моќ, некако да го надминеме проблемот. Но, не зависи од нас. Одговорот е дека линијата не е економски исплатлива“, возот е укинат, очигледно напорите не дале резултат.

Од страна на „Србија воз“ уште во јануари оваа година Македонски железници (МЖ) се информирани дека во согласност со грчкиот TRAINOSE, донеле одлука за укинување на поменатата линија поради економска неисплатливост. На таа одлука на двете железнички управи, МЖ Транспорт како транзитна железничка управа има право само на приговор.

До Солун од Скопје сега единствено вози автобуска линија на „Македонија сообраќај“, кој ги редуцираше авобусите на еден дневно.