Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
27-годишната Кетрин Нивес-Таверз го остави својот дечко избоден и целиот прекриен со крв после нападот бидејќи типот одбил да има секс со неа.
Неименуваната жртва, за полицијата сведочел дека го удрила со нож и ништо не гледал. Тој изјавил дека Кетрин збеснала откако повеќе пати ја одбил да има интимен однос со неа во нејзиниот дом на Флорида. Наводно, го грабнала кујнскиот нож и му го забодила во лице.
Пред да се разбесни, Нивес-Таварез наводно пиела алкохол околу 3:30 часот наутро, по локално време, минатиот четврток. Полцијата ја дочекала „сета крвјосана по облеката и рацете“. За време на претресот во станот биле пронајдени капки крв и голем сребрен нож.
Жртвата добила медицински третман во болница поради неколку исекотини на лицето, додека Кетрин е задржана во затвор поради напад со смртоносно оружје. Полицијата наводно изјавила дека човекот веќе има исекотини на лицето кога пристигнал кај неа.
Овој случај на суд ќе се појави кон крајот на октомври, а во меѓувреме за Кетрин е одредена кауција од 15.000 долари.