Заев ќе се обиде да го помине Преспанскиот договор во Собрание, ако не – предвремени избори


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Доколку во периодот од десетина дена кои си ги постави пред себе Владата за да се обиде да го спроведе Договорот од Преспа во Собранието, премиерот Зоран Заев е решен да распишат предвремени парламентарни избори.

Тој најави дека ќе почне преговори со опозицијата и останатите политички фактори во законодавниот дом. Според него, процесите не смеат да се прекинат и оти до крајот на ноември има доволно време за техничка влада и за избори.

Нема временски рокови до кога опозицијата треба да се произнесе дали ќе ги поддржи уставните измени или не.

Но, за разлика од Заев, неговите коалициони партнери сметаат дека сега не е време за предвремени парламентарни избори и оти треба да се искористат сите механизми за процесот да помине успешно преку законодавниот дом.