Лана Дел Реј VS. Канје Вест заради Доналд Трамп


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Канје Вест неодамна гостуваше на Saturday Night Show во кое јавно ја искажа својата поддршка на моменталниот претседател Доналд Трамп. Меѓутоа, на некои негови колеги и колешки не им се допадна баш тој негов став, пишува Billboard.

Освен паролата во знак на поддршка за Трамп, американскиот рапер носеше и капче со предизборниот слоган на Трамп, „Make America Great Again“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by ye (@kanyewest) on

„Изборот на Трамп за претседател беше загуба за земјата, но вашата поддршка за него е голема загуба за културата“, напиша Лана Дел Реј во коментар на фотката која на Инстаграм ја објави Вест, а на која е фотографиран со претходно споменатото црвено капче.

Исто така, Канје веќе подолго време ги коментира политичките одлуки преку своите официјални профили на социјалните мрежи, а последниот од коментарите се однесува на 13-тиот амандман на Уставот од САД, во кој се говори за ропството и правата на црнците за чија ревизија се залага американскиот рапер.