Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Кога ќе се спомене референдум, обично овој вид на гласање веднаш се поврзува со некое битно и суштествено прашање од јавен граѓански и државнички интерес за една земја.
Но, во реалноста и светската историја не е баш така, па забележани се навистина необични и навидум апсурдни референдуми.
Швајцарција е дефинитивно лидер на ова поле. Меѓу најинтересните референдуми е оној од 2010 година кога се гласало дали кучињата можат да ги застапуваат адвокати во судовите. Ова доаѓа поаѓа по реакциите на многу организации за заштита на правата на животните, чии претставници сметале дека многу случаи на суровост поминувале неказнето. Референдумот поминал успешно, но 71% од излезените гласале против.
Пред шест дена, пак, Швајцарците гласаа на дури три референдуми а на едниот од нив 74% од граѓаните се изјасниле „за“ одлуката на Владата велосипедските патеки да добијат еднаков статус со пешачките и планинските патеки.
Еден од побизарните референдуми е одржан во Нов Зеланд во 2009 година. Прашањето „Дали шлаканицата, како добро родителско однесување, треба да се смета за кривично дело?“ било цел на жестоки критики. За пошироката маса јавност, апсурден бил моментот како може нешто што е опишано како „добро“ да биде „кривично“. Дури и тогашниот премиер Џон Ки одбил да гласа. 88% од гласачите се изјасниле против.
Кога би се доделила награда за најчудниот референдум, сигурен победник би бил референдумот во Саскатун, Канада од 1997 година и тоа за, ни помалку, ни повеќе, како да биде поставена тоалетната хартија во јавните тоалети. 80 отсто од гласачите сметале дека ролната треба да виси напред, а 20 отсто одзади.